Ризница на тајните на лозовиот плод
Винарската визба „Тиквеш“ е основана во 1885 година во регион со вековна винарска традиција, благословен со совршени природни услови, срдечни и страсни луѓе и пргава автентична култура.
Отсекогаш сме имале склоност за надминување на очекувањата, прифаќање на иновациите и освојување на новите пазари. Со текот на времето стекнавме повеќе земја со врвен квалитет од која било друга винарска визба во Југоисточна Европа.
Автентично македонска, винаријата Камник е израз на величенственоста на древниот македонски дух, традиции и тло, и тоа преку еден навистина современ вински стил.
Соединувањето на минатото и иднината, традициите со софистицираниот пристап, природата и науката, соединувањето на предизвикот и сонот, тоа се импулсите со кои започнува нашата потрага по најфасцинантните вкусови на виното.
Визиите и целите на нашиот тим се фокусирани кон зачувувањето на историските и традиционални вредности преку нивно прилагодувње кон потребите на денешниот префинет пазар на вино, истовремено истражувајќи ги можностите кои ни ги нудат напредните технолошки апликации.
Нема домаќинство во Охридско што не произведува вино. Се чини дека има посебна ДНК честичка за производство на вино кај луѓето овде. Како и сите други, и ние правиме вкусни вина дома и ги споделувавме со пријателите и семејството. По долги години правење и дегустација, добивање комплименти и пофалби, решивме да ги споделиме нашите рачно изработени вина со светот. Ја основавме нашата мала винарија во 2019 година и оттогаш правиме околу 10.000 шишиња вино годишно.
Винаријата Бовин е првата приватно изградена винарија во Македонија. Компанијата е основана во 1998 година, година кога беа произведени 120.000 шишиња високо квалитетни бели и црвени вина. Токму овие вина беа претставени со Бовин во 1999 и 2000 година на Саемот Агро-Експо во Скопје каде „Венера“ ја освои титулата шампион во категоријата црвени вина, додека на сите други вина им беа доделени златни медали.
Бовин продолжи да биде 7-годишен шампион за црвени вина на „Агро-експо саем 2001, 2002 и 2003“ во Скопје со виното „Дисан“ и 2004, 2005 година со виното „Дарон“.
Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани