Instagram Facebook Phone-alt
  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
Menu
  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
  • Галерија
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • Галерија
  • За нас
  • Контакт
  • English
  • Français
Menu
  • English
  • Français

За нас

Помеѓу спокојната тишина и живописната природа, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир, покрај реката Радика – се наоѓа првиот ресторан етно-музеј на македонската мијачка култура
„Куќа на Мијаците“.

blank

За Мијачката Куќа

Објект кој плени со историјата што ја раскажува, исто колку и со импозантната архитектура, има за цел да придонесе кон развојот на верскиот и селскиот туризам во мијачкиот крај во Западна Македонија.

blank

Објект, кој плени со својата архитектура, изградена од камен, целосно во духот на традиционалната мијачка култура. „Куќата на Мијаците” е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани…

blank
blank
blank

Нашиот Тим

Дополнителен принос за автентичноста на амбиентот е и тоа што келнерите и останатите вработени се облечени во стилизирани мијачки носии.

Прекрасната Орнаментика

Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците” ги красат и црнобели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници…, но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии.

blank
blank

Посебна убавина на „Мијачката куќа”, даваат двата пространи отворени чардаци, едниот на приземјето, а другиот на првиот кат, кои се одликуваат со прекрасен поглед кон реката Радика и кон зелената горска шума. Исто така, пријатно и спокојно место за седење е и широката летна бавча, која се наоѓа во дворот на куќата.

Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците” многу повеќе од обичен етноресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторанмузеј, една своевидна спомен куќа на славното мијачко минато.

blank

Прекрасен украс

Навистина, „Куќата на Мијаците” дојде како еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.

blank
Куќа на Мијаците

Guest Review Awards Booking.com

Од самите наши гости и од заменик директорот James Waters (Џејмс Вотерс), нашиот етно-ресторан е оценет како најдобар и најпопуларен ресторан, со високо квалитетна услуга и храна, прекрасен амбиент, и како таков е препознаен не само во Република Северна Македонија, туку и многу пошироко. Тоа е предизвик сите ние да работиме уште попосветено, за да измамиме уште повеќе насмевки и уште позадоволни посетители.

blank

Целиот објект и уредувањето е изработен според стилот на Бигорскиот манстир а по идеја на старецот и Игуменот Партениј

– Се смета дека славното мијачко племе, кое ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. На тој начин се создала една посебна мијачка култура, која се карактеризира со високи естетски дострели. До денденес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење народни мијачки обичаи… А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус. Мијачката куќа е изградена комплетно во стилот на мијачката градителска традиција, има за цел да го доближи до посетителите и гостите духот на мијачката култура од секој аспект: местоположба, амбиент, историја, храна.
blank
Епископ Партениј старец и игумен на Бигорскиот манастир
Голема е привилегијата и честа да се биде дел од еден ваков културно и духовно значаен проект за кој не се сомневам дека ќе остави траен белег во нашата традиција. Елена Лука е долгогодишен искрен пријател на Бигорскиот манастир и Архимандритот Отец Партениј и ние како тим навистина имаме ретка можност да бидеме дел од нешто што се вели трајна вредност. Благодарение на богатата традиција на македонското племе Мијаци, како и уникатната архитектура која се огледува во изградбата на овој прекрасен објект, ние како дизајнерски тим имавме неисцрпна инспирација при создавањето на униформите што ќе го носи персоналот овде. Навистина се потрудивме да создадеме уникат што ќе биде олицетворение на нивната традиција, аристократската мијачка носија и историја, па дури ќе забележите и елементи од автентичните мозаици. При тоа исклучително внимаваме да се задржи изворната орнаментика која исто така ни послужи како инспирација и токму поради тоа создадовме носии кои се во духот на целиот амбиент и богатата историја што ја раскажува, зашто овој објект е на свој уникатен начин и музеј на мијачката култура. Беше навистина голема чест за нас и јавно би сакала да упатам благодарност до Отец Партениј за можноста
blank
Елена Пандева сопственичка и генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука
Секој е добредојден. Секој оној кој барем за миг сака да почувствува спокој во душата и да се релаксира од динамичното секојдневие. Нашите посетители добро знаат какво е чувството кога заспивате со жуборот на Радика, а се будите со звуците кои доаѓаат од прекрасната Бистра. Она што е исто така многу значајно е фактот што гостите имаат можност да го посетат и македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, кој е во непосредна близина.
г. Николче Димески
поранешен менаџер на ресторанот

  • Почетна
  • Terms and Conditions
  • Privacy Policy
  • COVID-19
Menu
  • Почетна
  • Terms and Conditions
  • Privacy Policy
  • COVID-19
  • blankмакедонски
  • blankEnglish
  • blankFrançais (French)
Menu
  • blankмакедонски
  • blankEnglish
  • blankFrançais (French)

Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани

  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
  • За нас
  • Историја
  • Галерија
  • Приказни
  • Контакт
Menu
  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
  • За нас
  • Историја
  • Галерија
  • Приказни
  • Контакт
  • English
  • French
Menu
  • English
  • French
  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
  • За нас
  • Историја
  • Галерија
  • Приказни
  • Контакт
Menu
  • Мени
  • Ресторан
  • Сместување
  • За нас
  • Историја
  • Галерија
  • Приказни
  • Контакт