Куќата на Мијаците” е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани…
Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците” ги красат и црно-бели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници…, но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии…
До денденес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење народни мијачки обичаи…
Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците” многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен куќа на славното мијачко минато.
А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.
„Веруваме дека ниту едно јадење не може да биде подобро од неговите состојки и дека најдобрите состојки обично се локални.
Како што одличното готвење започнува со одлични состојки, одличните состојки пак се одбрани според традиционалната мијачка традиција и култура.“
Традиционалната мијачка храна е препознатлива по гурманскиот префинет вкус.
Уживајте во вкусот на традиционално подготвеното „Цариградско кафе со локум“.
На долниот кат се наоѓа винаријата на куќата. Со прекрасната атмосфера, орнаментите, осветлувањето, винаријата е едно катче каде што би сакале да го поминете времето уживајќи во разните вина од неколкуте винарски куќи: Тиквеш, Бовин, Камник.
„Куќата на Мијаците“ е еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор.
„Навистина се потрудивме да создадеме уникат што ќе биде олицетворение на нивната традиција, аристократската мијачка носија и историја, па дури ќе забележите и елементи од автентичните мозаици. При тоа исклучително внимаваме да се задржи изворната орнаментика која исто така ни послужи како инспирација и токму поради тоа создадовме носии кои се во духот на целиот амбиент и богатата историја што ја раскажува, зашто овој објект е на свој уникатен начин и музеј на мијачката култура.“
Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.
Првиот етноресторан, посветен на мијачката култура и традиција.
Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани