BOOKING.COM со награда за „Куќа на Мијаците“

март 29, 2019

Оваа вест е достапна и на: English Français Deutsch

Eтно-ресторанот „Куќа на Мијаците” награден со високо прзнание од Booking.com

Eтно-ресторанот „Куќа на Мијаците” добитник е на највисоко признание од Booking.com.

Веста за МИА ја соопшти менаџерот на ресторанот, г. Николче Димески, кој додава дека ова за него и за сите вработените претставува голема чест, но и предизвик за уште поголема ангажираност во постигнување што повисок квалитет на понудата и услугата, од која, како што додава и до сега посетителите се повеќе од задоволни, што го потврдува и добиеното прзнание.

– Од самите наши гости и од заменик директорот James Waters (Џејмс Вотерс), нашиот етно-ресторан е оценет како најдобар и најпопуларен ресторан, со високо квалитетна услуга и храна, прекрасен амбиент, и како таков е препознаен не само во Република Северна Македонија, туку и многу пошироко. Тоа е предизвик сите ние да работиме уште попосветено, за да измамиме уште повеќе насмевки и уште позадоволни посетители, – вели Димески.

Од почетокот со работа, во септември 2016 година, до денес, тука престојувале илјадници гости, намерни или сучајни патници, од земјава, регионот, Европа, па дури и од Израел и други земји од светот, кои секогаш биле со пофални зборови. По нивна препорака, во постојан раст е бројот на гостите.

– Секој е добредојден. Секој оној кој барем за миг сака да почувствува спокој во душата и да се релаксира од динамичното секојдневие. Нашите посетители добро знаат какво е чувството кога заспивате со жуборот на Радика, а се будите со звуците кои доаѓаат од прекрасната Бистра. Она што е исто така многу значајно е фактот што гостите имаат можност да го посетат и македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, кој е во непосредна близина, – посочува Димески.

Етно ресторанот „Куќата на Мијаците”, е сместен на десната страна на регионалниот пат Дебар – Маврово, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир.

Тој не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција.

Изграден е по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит Партениј и е олицетворение на богатата мијачка традиција, култура и архитектура.

Поврзани настани

Резервирајте Мијачка одаја

Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.

Промоции
Тајната на Мијаците
Лазоровско телешко
Печалбарско
Селечки пиперки во фурна
Сарма во лозов лист
Previous slide
Next slide
Соопштенија