Понеделнички Кајак.мк ви ја претставува "Куќа на Мијаците" во Ростуше која не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција. И тоа е еден од предизвиците, кој, еден ден сигурно ќе ве донесе во реканскиот крај.
Освен што ресторанот е изграден целосно во духот на мијачката неимарска архитектура, во внатрешноста се наоѓаат фотографии од познати Мијаци, но и други луѓе, кои живееле на овие простори пред стотина години. Преку фотографиите и ентериерот, лесно може да патувате во времето и да ја запознаете нивната традиција, секојдневни обичаи, како и адети при прослави. Вработените, чија работна облека е мијачка носија, се секогаш тука да ви раскажат и помалку познати историски факти за Мијаците.
Етно-ресторанот и музеј, се наоѓа на патот кон Бигорскиот манастир, на 25 километри од Маврово.
Повеќе информации, околу цените, храната и преноќувањето, може да добиете на телефонот 070378333.
Таа е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани.
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.
Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани