Шардоне Барик на винарија Бовин е квалитетно суво бело вино, зреено 12 месеци во македонски буриња. Се одликува со бледо-жолта нијанса и со импресивна низа на ароми: путер, тост, ванила и дрво лесно се препознаваат во ова вино. По вкус субтелно и заокружено.
Совршен придружник на трпеза со бели сирења, риба, морски плодови, јагнешко и пилешко. Ова вино е извонредно кога е сервирано на температура од 8-10’C.