Квалитетно црвено вино, купажа (cuvée) од сортите вранец, мерло и каберне совињон со интензивна рубин-црвена боја. Се одликува со комплексни ароми на црвено и црно овошје – цреши, сливи, малини и црна рибизла, и ноти на сушен тутун, чад, црн пипер и цимет, вткаени во полното и заокружено тело, со силен зачински финиш.