Fumé Blanc
Виното е добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е раскошен и елегантен, открива вегетативни ароми испреплетени со тонови на тропско овошје. Посебноста на ова вино произлегува од 6 – месечното созревање во нови буриња од француски даб со изразена минералност како и од примената на “sur lie” методот, при што се добива комплексно буке. Вкусот е полн, сортен, со карактеристична свежина, дискретни минерални ноти надополнети со зачински поттонови на дим, и долготраен послевкус. Виното се консумира разладено на 7-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, зелена салата и пилешко месо. Алкохол: 13% Vol.

Винарија

Камник

Комбинација со храна: зелена салата, пилешко месо, предјадење од лосос, свежа морска риба
Вид на вино: Бело вино
Температура: 7-10°C
Сорта на грозје: 100% Sauvignon Blanc
Боја: зелено-жолта
Alcohol Vol: 13 %
Винарија: Камник

Вкусете ја мијачката традиционална кујна