Cabernet Sauvignon Barrique
Каберне Совињон Барик на винаријата Бовин е квалитетно суво црвено вино произведено од избрани сорти на јужно-западната страна на Лепово Брдо, зреено 12 месеци во македонски дабови буриња. Ова вино се одликува со пурпурно-црвена боја типична сортата Каберне одгледувана на јаглеродна почва, со овошна арома на зрела црна рибизла и слива. Богато со меки танини, полно и долготрајно со ароми на зрели овошја и послевкус на ванила и кафе. Со соодветно складирање, во ова вино може да уживаме и во следните 10-15 години. Најдобро е сервирано со бифтек, печено јагнешко, пршута и зрели сирења на температура од 15-17’C.

Винарија

Бовин

Комбинација со храна: бифтек, зрело сирење, печено јагнешко, пршута
Вид на вино: Црвено – суво вино
Температура: 15-17°C
Сорта на грозје: Кабарне Сувињон
Боја: пурпурноцрвена боја
Alcohol Vol:
Винарија: Бовин

Вкусете ја мијачката традиционална кујна