Ana Marija Rose
Ана Марија од Бовин е суво розе вино произведено од сорите Sangiovese и Cabernet Sauvignon кое подложи на кратка ладна мацерација од каде ја добиваме деликатната интензивна розе боја. Мирисот е полн со рози, дива јагода, цреша и калинка. Иако има само малку остаток на шеќер, свежото овошје помага да се балансира слаткоста. Атрактивниот микс на мириси, свежината до средната слаткост го прави ова вино идеален летен пијалок. Најдобро е кога се комбинира со бело сирење, салати и ладни јадења, риба и школки, или пак како придружник на овошна торта. Се препорачува да се служи на 8-10°C.

Винарија

Бовин

Комбинација со храна: десерти, риба, свежи салати, сирење, школки
Вид на вино: Суво розe вино
Температура: 8-10°C
Сорта на грозје: 50% Cabernet Sauvignon, 50% Sangiovese
Боја: интензивна розе боја
Alcohol Vol: 13.5 %
Винарија: Бовин

Вкусете ја мијачката традиционална кујна