Спојот на љубов и традиција ги одушеви гостите на несекојдневната свадба на Никола Грнчаров и Рената Стојанова, а фотографиите и видеото на „Зага Продукција“ измамуваат комлименти низ целата држава.
Парот се запозна во „Куќата на Мијаците“, а две години подоцна, таму и се венча во традиционален стил. Невестата и младоженецот носеа мијачки носии додека си ветуваа дека ќе бидат засекогаш заедно.
„Приказната започнува пред две години во ресторанот 'Куќата на Мијаците'. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата. Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии, типични за тој крај, направивме традиционална македонска венчавка во Бигорскиот Манастир 'Свети Јован Крстител' и модерна свадба во ресторанот 'Куќата на Мијаците'“ - вели среќниот младоженец.
И предлогот за брак на вљубената двојка е поврзан со овој регион. „На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин (2.341 метри), тоа е врвот којшто се гледа од дворот на Бигорскиот манастир“ - раскажува Никола.
Целата галеријата од свадбениот ден на Никола и Рената можете да ја разгледате на: сајтот на „Зага Продукција“
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.
Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани