blank

Во мијачки носии на традиционална венчавка, Никола и Рената помеѓу сегашноста и минатото

мај 14, 2019

Спојот на љубов и традиција ги одушеви гостите на несекојдневната свадба на Никола Грнчаров и Рената Стојанова, а фотографиите и видеото на „Зага Продукција“ измамуваат комлименти низ целата држава.

Парот се запозна во „Куќата на Мијаците“, а две години подоцна, таму и се венча во традиционален стил. Невестата и младоженецот носеа мијачки носии додека си ветуваа дека ќе бидат засекогаш заедно.

„Приказната започнува пред две години во ресторанот ‘Куќата на Мијаците’. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата. Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии, типични за тој крај, направивме традиционална македонска венчавка во Бигорскиот Манастир ‘Свети Јован Крстител’ и модерна свадба во ресторанот ‘Куќата на Мијаците’“ – вели среќниот младоженец.

И предлогот за брак на вљубената двојка е поврзан со овој регион. „На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин (2.341 метри), тоа е врвот којшто се гледа од дворот на Бигорскиот манастир“ – раскажува Никола.

Целата галеријата од свадбениот ден на Никола и Рената можете да ја разгледате на: сајтот на „Зага Продукција“

Актуелно
blank

Дали сте знаеле дека етно ресторанот “Куќа на мијаците” своите приходи ги пренасочува за социјално загрозени семејства?!

blank

Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?

blank

Етно ресторан Куќа на Мијаците

blank

BOOKING.COM СО НАГРАДА ЗА „КУЌАТА НА МИЈАЦИТЕ“: Eтно-ресторанот „Куќа на Мијаците” награден со високо прзнание од Booking.com

Резервирајте Мијачка одаја

Required fields are followed by *





Поврзани настани
Тајната на Мијаците

Тајната на Мијаците

Лазоровско телешко

Лазоровско телешко

Печалбарско

Печалбарско

Селечки пиперки во фурна

Селечки пиперки во фурна

Сарма во лозов лист

Сарма во лозов лист

Селото Битуше
До селото Битуше се пристигнува по тесен и стрмен планински пат, кој поминува низ Ростуше. А на неколку...
Дебарски Бањи
Бог ги благословил термо-минералните води на Дебарски Бањи и им подарил оптимална температура како и...
Селото Гари
Селото Гари e мијачко село во, во околината на градот Дебар.Селото е сместено на падините на планината...
Loading...