Почитувани гости, на денот кога Светата православна црка го слави споменот на најголемите меѓу пророците, Светиот и славен Претеча и Крстител Господов Јован, си спомнуваме за неправедното отсекување на неговата сечесна глава од страна на нечестивиот цар Ирод, а по барање на злобната Иродијада, после една развратна гозба на царскиот двор.
Спомнувајќи си за маченичката смрт за најголемиот „проповедник на покајанието“ и изразувајќи ја својата почит преку молитва во храмовите со строг пост и воздржание, Ве известуваме дека етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“, на овој голем празник наречен уште и „втор Велики Петок“, во сабота, 10 септември ќе работи до 17 часот, а во недела, 11 септември, нема да работи во текот на целиот ден.
Молитвите на Свети Јован Пророк Претеча и Крстител да бидат со сите нас!
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.
Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.
Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.
Copyright © Куќа на Мијаците, Сите права се задржани