Камник наливно бело вино
Суво бело вино добиено со купажа од внимателно одбрани врвни сорти грозје и тоa Шардоне, Совињон Блан, Москато Џало, Траминец Мускат и Темјаника од сопствените насади на винаријата Шато Камник. Виното се одликува со кристална бистрина и изразена бледа жолто-зеленкаста боја. Мирисот е млад, свеж, типично мускатен со убаво цветно-овошно буке дополнето со минерални подтонови. Вкусот е полн, со карактеристична свежина која му дава на виното хармоничност и живост. Се сервира разладено на 8 – 10°С со разни видови на бело месо, тестенини и разни сирења. Алкохол: 12,5 vol. %

Винарија

Камник

Комбинација со храна: бело месо, сирење, тестенини
Вид на вино: Суво бело вино
Температура: 8-10°C
Сорта на грозје: Шардоне, Совињон Блан, Москато Џало, Траминец Мускат и Темјаника
Боја: изразена бледа жолто-зеленкаста боја
Alcohol Vol: 12.5 %
Винарија: Камник

Вкусете ја мијачката традиционална кујна