Ten Barrels Syrah
Премиум суво црвено вино добиено од сортата Cabernet Sauvignon. Виното се одликува со изразена рубин боја со темноцрвени нијанси. Вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено и црно овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Оваа комплексност се должи на 23-месечното созревање во нови буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, хармоничен, со убава структура, импресивни и меки танини и долготраен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм и капацитет од повеќегодишно зреење во шише. Виното се послужува на температура од 16-18°С и одлично се комбинира со специјалитети од разни видови месо, особено со бифтек во сос од зелен бибер или дивеч во пикантен сос. Алкохол: 16% Vol.

Винарија

Камник

Комбинација со храна: бифтек во сос од зелен бибер, дивеч во пикантен сос, разни видови месо
Вид на вино: Црвено – суво вино
Температура: 16-18°C
Сорта на грозје: добиено од сортата Cabernet Sauvignon
Боја: изразена рубин боја со темноцрвени нијанси
Alcohol Vol: 16.5 %
Винарија: Камник

Вкусете ја мијачката традиционална кујна