Temjanika
Премиум ароматично бело вино добиено 100% од сортата Темјаника. Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја. Шармот на ова вино се открива преку елегантниот и сензулатен мирис, типичен за сортата. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус. Препорачуваме да се послужува разладено на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и азиска кујна. Алкохол: 13% Vol.

Винарија

Камник

Комбинација со храна: азиска кујна, лесни предјадења, салати
Вид на вино: Ароматично бело вино
Температура: 7-10°C
Сорта на грозје: 100% од сортата Темјаника
Боја: брилијантна и нежна сламесто жолта
Alcohol Vol: 13 %
Винарија: Камник

Вкусете ја мијачката традиционална кујна