Произведено од сортата Sangiovese од сопствените насади, Бовин Sangiovese е елегантно вино со впечатлива рубин црвена боја со силна рефлексија. Мирисот е свеж и овошен со доминанти ноти на калинка, дива јагода и цреша, како и хербална нота на мајчина душица. Палетата на вкусови започнува со свежина од висока природна киселост типична за сортата, но кон средината се јавуваат побогати и послатки вкусови кои даваат помесеста структура.
Најдобро е да се служи на температура од 8 – 10⁰C, со храна базирана на патлиџан, пица, лазања, пармезан и моцарела, паста или пилешко.