Осветена „Куќата на Мијаците“

септември 10, 2016

Оваа вест е достапна и на: English Français Deutsch

Во пресрет на големата манастирска слава, денес Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, Високопреподбниот Архимандрит г. Партениј, јеромонахот Доситеј, свештениците Владо Недески и Роберт Илијевски и ѓаконот Николче Ѓурчиноски, го изврши чинот на осветување на етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“, што се наоѓа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, под Бигорскиот Манастир. Идејно осмислена од страна на нашиот игумен, Архимандрит Партениј, „Куќата на Мијаците“ претставува нешто повеќе од етно-ресторан – таа е, всушност, еден своевиден ресторан-музеј на мијачката култура, изграден целосно во духот на мијачката неимарска традиција. „Куќата на Мијаците“ ќе биде раководена од г. Јонче Николовски од Тетово.

Поврзани настани

Резервирајте Мијачка одаја

Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.

Промоции
Тајната на Мијаците
Лазоровско телешко
Печалбарско
Селечки пиперки во фурна
Сарма во лозов лист
Previous slide
Next slide
Соопштенија