Бигорски Манастир Св. Јован Крстител

На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри се издига манастирот Свети Јован Крстител – Бигорски манастир. Положен е во впечатливите варовни карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра.

Оддалеченост: 0.950 км.

Достапност: Достапно со кола, Достапно пеш

Време со кола: 1 min

Време пеш: 15 min

advanced divider

Mанастирот Св.Јован Крстител е изграден во 1020г во византиски стил е сместен на бигорска карпа и се наоѓа на патот кон Дебар во близина на с. Ростуше.

Легендата ни говори за иконата на Св.Јован Крстител која чудесно се појавила тука, инспирирајќи ја изградбата на манастирот; отогаш манастирот неколку пати бил возобновуван и секој пат иконата повторно се појавувала. Сепак, најубавиот украс во црквата и она по што надалеку е познат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во Православието – иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835-та год. Во истиот тој период биле повикани и познатите зографи од Самарина, Михаил и неговиот син Димитриј, кој подоцна се замонашил овде и го добил името Даниил. Тие ги завршиле иконите на иконостасот, така што заедно со иконите, тој формира една целина, еден целосен приказ на Светото Писмо во резба.Она што го прави единствен и неповторлив иконостасот, е употребата на човечката фигура. Тука мијачките копаничари ја покажале сета своја вештина, сместувајќи, на релативно мал простор, значителен број на сцени од Стариот и Новиот Завет.

Но, безбожничкиот период на комунизмот донел заборав и пустош. По неколку десетлетија, без благодатта на богослужбите и на монашкиот живот, светилиштето било препуштено на страшната околност на тивко и постепено распаѓање, сведено на функција на обичен музеј на мртви предмети.Монашкиот живот во манастирот е обновен во 1995 година, со доаѓањето на сегашниот игумен Архимандрит Партениј.Духовната обнова на секој Манастир започнува, пред сè, со обновата на литургискиот живот, игуменот Партениј го воведе редовниот деноноќен, седмичен и годишен богослужбен круг, според типикот на светата православна Црква, којшто вклучува: вечерна, повечерие, полуноќница, утрена, часови, Божествена Литургија и останатите богослуженија кои започнуваат во раните утрински часови од 5 и 30 часот проследени со трпези на љубовта и послушанија, а некогаш и со целоноќни бденија. Секако, посебен и најдрагоцен Божји дар и благослов за нашата Свештена Обител е обновата на православното старчество, коешто е венец на духовниот подвиг.

Главниот празник на манастирот, манастирската слава, е Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, на 29 август по стар стил, односно 11 септември по нов стил. Помали слави се Раѓањето на свети Јован Крстител, на 23 јуни/7 јули и Споменот на чудото на пресвета Богородица со иконата

„Достојно е“, на 11/24 јуни. Освен тоа, торжествено се слават и празниците Успение на Пресвета Богородица на 15/28 август, именденот на игуменот Архимандрит Партениј, на 07/20 февруари, а особено торжествено се празнува Воскресението и Рождеството Христово.Бигорски манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, неколку параклиси посветени на Св. Никола, Св. Ѓорѓи Кратовски и Светото Благовештение. костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула,Фијала и комплексот манастирски конаци: Горни Палат, Долни Палат, Источни Палат.

1000 години Бигорски Манастир
Други културни наследства
Промоции
Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците
15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците
Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците

Поминете ги овие прекрасни есенски денови во...

15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците

20% намаление на престој во етно-ресторанот Куќа...

Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Добијте гратис спиење во една од прекрасните...
Резервирајте во Мијачките одаи
Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.