Врвот Голем Крчин

Вид:

Оддалеченост: 32.1 км.

Достапност: Достапно со кола, Достапно пеш

Време со кола: недостапно

Време пеш: 6 hr 44 min

advanced divider

Крчин — планина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борови, смреки, јасики, планински јавор и брези. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растителнојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици.

На прекрасниот Крчин расте ендемски македонски каранфил кој исклучиво може да се најде само на оваа планина. А, додека пак, на Дешат почиваат неколку мали леднички езера, меѓу кои најпопуларно е Локув. Ова езеро се вбројува во најниските леднички езера во Македонија, а сместено е во североисточниот дел на планината на надморска височина од 1.560 метри.

За искачување на врвот Голем Крчин се тргнува од село Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време. Понатаму откако ќе ја заминете шумата теренот е тревнат и се оди по него во правец југозапад. Откако ќе пристигнете до седлото, преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.

Од врвот за да продолжите кон Веливар се оди во правец на север по срт, после 40-тина минути пешачење се наидува на патека од десната страна на сртот која што оди во правец на Веливар. Од тука се продолжува по сртот и иако веќе нема обележана патека после 20-тина минути се стигнува до местото наречено Св. Недела (2050 мнв) – остатоци од некогашна црква. Од тука почнува искачувањето на Веливар, по кратко време ќе забележите и патека. Од остатоците од црквичето до највисоката точка на Дешат потребни се околу 40 минути.

Други културни наследства
Промоции
Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците
15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците
Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците

Поминете ги овие прекрасни есенски денови во...

15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците

20% намаление на престој во етно-ресторанот Куќа...

Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Добијте гратис спиење во една од прекрасните...
Резервирајте во Мијачките одаи
Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.