Реканска питијада

advanced divider

Во рамки на „Мавровско-реканското културно лето“ што го организира Општина Маврово и Ростуше, во Ростуше се одржува манифестацијата „Питијада“.

Оваа е активност чија цел е промовирање на традиционалните мавровско-рекански јадења, посебно питите, како дел од напорите за развој на туризмот во овој, еден од најубавите краеви во државава.
Традиционална манифестација, која од година во година привлекува се поголем број посетители. И ова е дело на вредните раце на жените од реканскиот регион, што го научиле од нивните мајки и баби. Ваквите манифестации се со цел да се промовираат вредностите од реканскиот крај.

Дел од големиот број туристи од земјава и странство, имаат прилика да го посетат и водопадот ДУФ, а не изостанува и македонското оро со познатите дебарски зурли и тапани.

Настанот е проследен од видни гости, амбасадори во нашата земја, претставници на институции и граѓанскиот сектор, како и граѓани од соседните општини. Присуствуваат и голем број печалбари од реканскиот регион кои главно работаат во Италија, Германија и Швајцарија, а сега се на одмор во родниот крај.

Други културни наследства
Промоции
Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците
15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците
Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Гратис вечера за 2 ноќевања во Куќа на Мијаците

Поминете ги овие прекрасни есенски денови во...

15% попуст за ноќевање во Куќа на Мијаците

20% намаление на престој во етно-ресторанот Куќа...

Ноќевање 2+1 гратис во етно-ресторан Куќа на Мијаците

Добијте гратис спиење во една од прекрасните...
Резервирајте во Мијачките одаи
Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.