Бог ги благословил термо-минералните води на Дебарски Бањи и им подарил оптимална температура како и разни корисни минерали за човековото тело сурлфур, магнезиум, натриум, калиум, калциум идр. Температурата на водата изнесува 39°C во Бањиште и Косоврасти 41 °C, таа се нуди 100% природна и не се лади или догрева како што прават другите бањи. Таа исто така е многу богата со негативни јони и спаѓа во категоријата “Alive Waters”, води кои “даруваат живот” и имаат магични способности за лекување на разни болести.
Нашиот тим моментално брои над 40 физиотерапевти кои се под надзор на 6 специјализирани лекари. Секоја година се додаваат млади членови, со амбиции и нови знаења во областа на медицината. Нивната мисија е да обезбедат професионална медицинска нега со цел да лекуваат или спречуваат одредена болест. Балнеотерапијата не се препорачува само за болни и стари клиенти, нашите бањи во последно време се посетени од страна на помладата генерација која е свесна дека полесно е да се спречи една болест отколку да се лекува.