Прво што ќе ви падне на памет кога ќе помислите на Маврово е езерото кое изгледа како да е издлабено во планината. Местоположбата помеѓу снежните врвови
придонесува да биде како од разгледница. Водата е бистра и мирна, тука може да се ужива во кајакарство, рибарење со брод… и се што ќе ти посака срцето.
Централно место во езерото е потопената црква Св.Никола која веднаш ни го превзема вниманието и како за некое чудо е зачувана и во летните периоди кога се повлекува нивото на водата може и да се посети, додека пак езерото е атракција само по себе и во поладните зими се случува цеслосно да замрзни.
Во близина на црквата Св. Никола накај ски-лифтовите се наоѓа пештерата Шаркова Дупка; масивна пештера што оди длабоко во планината каде температурите нагло опаѓаат.
Самото езеро ви нуди многу активности: пливање, сончање, пловење со кајче, кајакарство… Меѓутоа ако сте ентузијасти за планинарење може да се искачувате, да собирате чаеви и да ги истражувате шумите.
Планинарскиот велосипедизам исто е многу популарен тука, зошто Маврово нуди голем избор на различни патеки. Возењето за почетници се препорачуваи по 33км долгиот асфалтиран пат околу езерото кој нуди восхитувачки сцени од езерото.