Клисурите на Радика, боровите шуми, пределите со бигорски карпи и водопадите на Маврово Националниот Парк нудат здив на свеж воздух за посетителите кои патуваат од Скопје кон Охрид. Тука погледите ќе ви ја одземат ориентацијата за време, и невероватната природа ќе ви ги допре сетилата. Вистински споменик на природата,а ако имате среќа ќе го видите и рисот, македонската дива мачка што живее на овие простори.Еден од најзначајните и најдостапните манастири – Бигорскиот Манастир на Св. Јован Крстител етука, како и атмосферските села Галичник, Јанче, Ростуше, Битуше, Лазарополе, Гари… Маврово е дом на некои од нашите најпознати производители на сирења.