Галичник е туристичка атракција заради автентичната архитектура, богатото културно наследство и воодушевувачките предели и е едно од најубавите планински села познато по богатите пасишта, Галичкиот кашкавал како и познатите градители и изведувачи.
Основано во 10ти век од сточари денес во летните периоди е исполнет со луѓе, иселеници кои доаѓаат да побегнат од жешките лета во градовите.
Во јули се одржува традиционалната галичка свадба, секоја година на Петровден (втората недела од јули).
Денес, свадбата е од големо културно значење е еден вид на традиционална културна манифестација и еден од најбитните настани поврзани со негувањето на македонскиот идентитет, преку запознавање на новите генерации со заборавените адети, прекрасната музика на Мајовци и неизбежните зурла и тапан, најдобрата македонска носија и најпрепознатливото
македонско оро „Тешкото“. Ако навистина сакате да го икусите овој крај со својата традиција тогаш не пропуштајте ја турата со јавање коњи со која се разгледува овој регион најбрзо, вкусувајќи традиционални сирења и специјалитети.