“Ден на одгледувачите на овци и кози“
Секоја година на ден два пред Петровден или Галичката свадба, на месноста викана „Смрдливи води“ се одржува манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“. Како дел од оваа манифестација се организираат натпреварите во стрижење и молзење, дегустација на сирење и нивно оценување, борби на пеливани, промоција на кучиња Шарпланинци и сл. Манифестацијата е проследена со богата културно уметничка програма.