Елен скок е назив на мост на Мала Река притока на Радика, кој се наоѓа покрај мијачкото село Могорче во близина на Дебар, западна Македонија.
Изграден е во средина на XVII век, од познат Османлиски инжинер Мимар Хајрудин кој го градел познатиот Стар мост на Неретва во Мостар БиХ.
Постојат неколку легенди за причината на изградбата на мостот, сите со интересна содржина која потикнува чувства на одговорност кон минатото и историското наследство.
Една од нив го раскажува трагичниот настан кој се случил откако младо момче кое во одбрана на честа на својата љубена убива турски бег.
Гонет од турскиот аскер во безизлез се нашол на брегот на Мала Река и од сомилост на возвишените небесни сили бива претворен во елен кој без мака ја скокнал реката спасувајќи се’. Во чест на оваа голема храброст на момчето и во знак на сеќавање на чудото кое го спасило, мештаните го изградиле мостот.
Покрај убавата природа и историско архитектонско значење, мостот е завршна точка на обележана и атрактивна планинарска патека наречена BHA M12. Патеката започнува во село Галичник на 1.270 до 1.450 метри надморска височина, обиколена со бројни пасишта. Во целата должина патеката изобилува со прекрасната и сликовита природа, богата дабова шума и дивиот животински свет на Бистра планина и национален парк Маврово.