This post is also available in: македонски Français Deutsch
Изложени 11 носии и два примерока на горни делови на облека, која се носела во 19 и 20 век во населени места каде што живееле Мијаците. Изложбата ќе биде отворена во текот на целото лето.
Во галеријата на манастирот „Свети Јован Бигорски“ е отворена првата изложба на стари македонски носии на Мијаците од дебарско-реканскиот регион. Оваа изложба побуди голем интерес кај населението, бидејќи многу се ретки изложбите на стари носии од овој регион на нашава земја.
„Последните неколку години имаме одлична соработка со Бигорскиот манастир, односно со Архимандритот Партениј. Добивме благослов за ваквата идеја во Галеријата на манастирот да изложиме носии кои се од дебарско- реканската етнографска целина. Овде се изложени 11 носии и два примерока на горни делови на облека, која се носела во 19 и 20 век во Горна Река, Мала Река, Маврово, Никифорово, Дебарско поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол, но и други населени места каде што живееле Мијаците“, истакнува професор доктор Владимир Јаневски, уметнички менаџер на Ансамблот на народни песни и ора „Македонија“.
Тој додава дека соработката на манастирот Свети Јован Бигорски со ансамблот е на високо ниво и најавува нови проекти во оваа сфера.
„Со оглед дека има голем интерес оваа изложба ќе биде отворена во текот на целото лето. Ние имаме и идеи за организирање на други изложби. Соработката во оваа насока ќе продолжи“, истакнува Јаневски.
На отворањето присуствуваа митрополитот дебарско- кичевски Тимотеј, митрополитот брегалничкиИларион, како и епископот хераклејски Климент. Посетеноста на изложбата е голема како од страна на месното население, така и од страна на голем број верници од сите градови на нашава земја.
A three-bed room suitable for a family with a private bathroom, with a primary view of the Radika River and the peaks of Deshat Mountain – Krcin and the smaller peaks as well as the bosoms of the Duf waterfalls.
A double room suitable for a married couple with a private bathroom with a view of the Krcin peak and the smaller peaks of the Deshat mountains, as well as a view of the Radika river.
A three-bed room suitable for a family with a private bathroom, with a view of the peaks of Deshat Mountain – Krcin and the smaller peaks as well as the bosom of the Duf waterfalls.
A double room suitable for a married couple with a private bathroom, hidden in the bosom of Bistra Mountain below the Bigorski Monastery.
Copyright © House of the Miyaks, All rights reserved