Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?

September 21, 2020

This post is also available in: македонски English Français

Понеделнички Кајак.мк ви ја претставува "Куќа на Мијаците" во Ростуше која не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција. И тоа е еден од предизвиците, кој, еден ден сигурно ќе ве донесе во реканскиот крај.

Освен што ресторанот е изграден целосно во духот на мијачката неимарска архитектура, во внатрешноста се наоѓаат фотографии од познати Мијаци, но и други луѓе, кои живееле на овие простори пред стотина години. Преку фотографиите и ентериерот, лесно може да патувате во времето и да ја запознаете нивната традиција, секојдневни обичаи, како и адети при прослави. Вработените, чија работна облека е мијачка носија, се секогаш тука да ви раскажат и помалку познати историски факти за Мијаците.

Етно-ресторанот и музеј, се наоѓа на патот кон Бигорскиот манастир, на 25 километри од Маврово.
Повеќе информации, околу цените, храната и преноќувањето, може да добиете на телефонот 070378333.

Таа е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани.

Поврзани настани

Резервирајте Мијачка одаја

Соба Радика – трокреветна
Соба Крчин – двокреветна
Соба Дуф – трокреветна
Соба Бигорски – двокреветна

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со првичен поглед кон реката Радика и кон врвовите на Дешат планина – Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања со поглед кон врвот Крчин и помалите врвови на планита Дешат, како и поглед кон реката Радика.

Трокреветна соба погодна за фамилија со приватна бања, со поглед кон врвовите на Дешат планина, Крчин и помалите врвови како и пазувите на водопадите Дуф.

Двокреветна соба погодна за брачен пар со приватна бања скриена во пазувите на планината Бистра под Бигорскиот Манастир.

Промоции
Тајната на Мијаците
Лазоровско телешко
Печалбарско
Селечки пиперки во фурна
Сарма во лозов лист
Previous slide
Next slide
Соопштенија

No results found.