Во Бигорски манастир отворена изложба на стари носии на Мијаците

juillet 10, 2019

This post is also available in: македонски English Deutsch

Изложени 11 носии и два примерока на горни делови на облека, која се носела во 19 и 20 век во населени места каде што живееле Мијаците. Изложбата ќе биде отворена во текот на целото лето.

Во галеријата на манастирот „Свети Јован Бигорски“ е отворена првата изложба на стари македонски носии на Мијаците од дебарско-реканскиот регион. Оваа изложба побуди голем интерес кај населението, бидејќи многу се ретки изложбите на стари носии од овој регион на нашава земја.

„Последните неколку години имаме одлична соработка со Бигорскиот манастир, односно со Архимандритот Партениј. Добивме благослов за ваквата идеја во Галеријата на манастирот да изложиме носии кои се од дебарско- реканската етнографска целина. Овде се изложени 11 носии и два примерока на горни делови на облека, која се носела во 19 и 20 век во Горна Река, Мала Река, Маврово, Никифорово, Дебарско поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол, но и други населени места каде што живееле Мијаците“, истакнува професор доктор Владимир Јаневски, уметнички менаџер на Ансамблот на народни песни и ора „Македонија“.

Тој додава дека соработката на манастирот Свети Јован Бигорски со ансамблот е на високо ниво и најавува нови проекти во оваа сфера.

„Со оглед дека има голем интерес оваа изложба ќе биде отворена во текот на целото лето. Ние имаме и идеи за организирање на други изложби. Соработката во оваа насока ќе продолжи“, истакнува Јаневски.

На отворањето присуствуваа митрополитот дебарско- кичевски Тимотеј, митрополитот брегалничкиИларион, како и епископот хераклејски Климент. Посетеноста на изложбата е голема како од страна на месното население, така и од страна на голем број верници од сите градови на нашава земја.

Изјава од Проф. д-р Владимир Јаневски – Ансамбл Македонија, по повод изложба на носии во Бигорски
Actualités connexes

Réservez une chambre miyak

Chambre “Radika” – À trois lits
Chambre Krtchin – Deux lits
Chambre Duf – à trois lits
Chambre Bigorski – Deux lits

Chambre à trois lits pour une famille, avec salle de bain privée, donne une vue sur la rivière Radika et les sommets des montaignes Dechat et Krtchin, ainsi que les chutes de Duf.

Chambre à deux lits, parfait pour un couple, avec salle de bain privée, donne une vue sur le sommet de Mont Krtchin et les montagnes de Dechat, ainsi que la rivière Radika.

Chambre à trois lits, parfait pour une famille, avec salle de bain privée, donne une vue sur le sommet du Mont Dechat-Krtchin, les autres montagnes, et les chutes de Duf.

Chambre à deux lits, parfait pour un couple, avec salle de bain privée, située sous le Mont Bistra et près du Monastère de Bigorski.

Offres
Secret des Miyaks
Boeuf de Lazarovsko
Cassoulet de Petchalbarsko
Poivrons au four au Seletchko
Feuilles de vignes farcies
Previous slide
Next slide
Avertissements