img

добредојдовте во

КУЌА НА МИЈАЦИТЕ

во духот на традиционалната мијачка архитектура, во пазувите на планината Бистра, над реката Радика, под Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител

img

Влез во

мијачката повест

img

винарија

на куќата

Ризница на тајните на лозовиот плод

img

благородство

гостољубие

Префинетост...

img
img

Тајната

на мијаците

Се смета дека славното славјано-македонското племе Мијаци, потекнува од некој древен царски или благороднички род.

Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната аристократска мијачка носија, за раскошните народни мијачки обичаи... А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.

Мијаци

кои сме ние

Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во историски најзначајниот крај на Р. Македонија, во славната Мијачија, која ги дала најзначајните македонски народни будители, општествени дејци, духовници, писатели, градители, уметници...

Тука, впрочем, започнала македонската националната пробуда, тука биле отворени првите народни училишта, тука бил и зародишот на современата македонска држава. Напојувано од бистрите води на православната христијанска вера, славјано-македонското племе Мијаци оставило голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Токму затоа, „Куќата на Мијаците“ изградена целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура...“.

научи повеќе
img

Нашето мени

препорачуваме

img
Цариградско кафе

img
Мијачка салата

img
Манастирски леб

img
Комитска сабја

img
Пченкарна мазница - бакрдан

img
Тајната на Мијаците

img
Галички смок

img
Ќаин мерак

img

Мијачко мени

совршен вкус

Македонска
Мијачка
Шопска
Салата на Ќесарот
Грчка салата
Овчарска
Мешана
Наша салата
Рекански таратур
Реканско макало
Tопено сирење во тава
Галичка даска
Биено сирење
Лазоровска даска
Пченкарна мазница - бакрдан
Реканска даска
Пита сарајлија
Похувана даска
Пченкарна тупана
Плескавица
Увијач свински
Мијачка плескавица
Увијач пилешки
Тресонечка плескавица
Ребро
Вешалица
Пилешки стек
Кременадла
Колбас
Осојско ќофте
Галички смок
Мелничански ќебап
Ребро во фурна
Комитска сабја
Телешко филе
Ростушка тава
Телешки бифтек
Тајната на Мијаците
Телешка шницла
Свинско филе со млечен крем
Лазоровско телешко
Печалбарско
Велебрдски компир во фолија
Палачинка
Печено јаболко
Реканска алва
Манастирско трилече
Битушка раванија
Ќаин мерак
Лазоровска баклава
погледнете повеќе
img

спомен куќа на

славното мијачко минато

составена од приземје и два ката. Најгоре се сместени четири гостински соби за преноќување. Другите две катни површини се наменети за ресторанот: има повеќе простории - одаи (галичка, лазоровска), украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани...